Дош Ањош дебитира во полусредна категорија против Тарек Сафиедин

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија Рафаел дош Ањош ќе направи своето деби во полусредна категорија и притоа ќе се сретне со Тарек Сафиедин на настанот УФЦ Фајт најт 111 на 17 јуни во Сингапур.

Веста ја објави од Ченел њуз Азија.

Дош Ањош одлучи да ја напушти дивизијата од 155 фунти, откако претрпе две последователни порази од Еди Алварез и Тони Фергусон.

Поранешниот шампион на Страјфорс, Тарек Сафиедин, исто така забележа два последователни порази од Рик Стори и Донг Хјун Ким.

УФЦ Фајт најт 111 ќе понуди и меч во тешка категорија меѓу Андреј Арловски Марчин Тибура. Таканори Гоми и Џон Так ќе се сретнат во лесна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON