Дош Ањош: Бразилците го мразат избезумениот Мек Грегор

Dos Anjos

Војната на зборови меѓу Конор Мек Грегор и Рафаел дош Ањош веќе одамна е започната. Причината –е мечот за титулата на во лесна категорија на УФЦ 197.

Мек Грегор ја користи социјалната мрежа Фејсбук за да го објави официјално мечот со Дош Ањош и да ги објави првите провокативни изјави на негова адреса.

Актуелниот шампион во лесна категорија одговори на провокацијата адресирани до него во едно неодамнешно интервју за MMAFighting во кое рече дека да се бориш во неговата категорија е многу различно, во споредба со досегашните мечеви на Мек Грегор:

„Лесната категорија е друга приказна. Ќе видиме. Сите зборуваат многу. Ентони Петис зборуваше пред нашата средба. Доналд Кероне исто така многу зборуваше. Но, погледнете што се случи со нив? Ќе му дозволам да си зборува што сака, но конечно ќе видиме што ќе случи и со него. Искрено, се надевам дека добро ќе се подготви за нашата средба“.

„Тој, меѓутоа, нема ништо да изгуби. Конор е паметен човек. Тој многу добро сфаќа ако го загуби појасот од претендентите Хозе Алдо или Френки Едгар, веќе нема да има ништо. Тука, во лесна категорија, дури и да загуби уште ќе го има појасот во перо категорија, ако пак победи – сите ќе го величат“.

Едно нешто што РДА не го сфатил е коментарот на Мек Грегор за него дека го предал Бразил.

„Оваа изјава нема никаква смисла. Во САД има многу Бразилци. Ова сепак не значи дека ние сме ја предале татковината. Имам деца. Се преселив тука за да можам да им обезбедам подобар живот. Овде исто така имам можноста да тренирам со многу добри борци и да се усовршам и развивам. Многу е беден, се обиде да ги придобие на своја страна бразилските навивачи. Сфаќам дека ќе се обиде на секаков начин психички да влијае на мене. Јас не го мразам, но Бразилците го мразат. Цела Бразил е на моја страна и ме поддржува“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON