Во судирот на поранешните УФЦ шампиони Рафаел дош Анхош (28-9, 17-7 УФЦ) со одлична изведба го победи Роби Лоулер (28-12, 13-6 УФЦ).
Поранешниот шампион во лесна категорија во главната борба на вечерта во канадскиот Винипег славеше со едногласна одлука по пет рунди и стана следниот предизвикувач на првакот во велтер категорија Тајрон Вудли.
https://youtu.be/Cbi6EYxUVJs
Гловер Тешеира (27-6, 10-4 УФЦ) со технички нокаут во средината на првата рунда го победи Миша Циркунов (13-4, 4-2 УФЦ). Латвиецот усепа да се одбрани од гушење од позади, но кога заврши на стомакотот беше оставен на милост и немилост на поранешниот предизвикувач за титулата во полутешка категорија.
https://youtu.be/o0vVaGcQI6Y
Џош Емет на крајот од првата рунда тешко го нокаутира поранешниот предизвикувач за титулата во перолесна категорија Рикардо Ламас, додека Сантијаго Понзинибио со одлука на судиите беше подобар од Мајк Пери.
https://youtu.be/nZaaGjpHQ6E
https://youtu.be/eodDHkH8pE0
Полјакот Јан Блахович со едногласна одлука го победи Џаред Каноњер и го постигна вториот последователен успех.
Борбата меѓу Хулијан Маркез и Дарен Стјуарт во која Маркез победи со гилотина во втората рунда беше прогласена за борба на вечерта.
Бонуси од 50.000 американски долари доби и Алесио ди Чирико за нокаут со коленото против Олувале Бамгбосе и Норин Талеб за нокаут против Дани Робертс.
https://youtu.be/KlEfdVCB6oY
https://youtu.be/GJpbF-d5XFo
https://youtu.be/7ss4bo6umDw
УФЦ на Фокс 26:
Рафаел дош Анхош – Роби Лоулер (едногласна одлука на судиите, 50-45, 50-45, 50-45)
Џош Еммет – Рикардо Ламас (КО, Р1)
Сантијаго Понсинибио – Мајк Пери (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 29-28)
Гловер Тешеира – Миша Циркунов (ТКО, Р1)
Јан Блахович – Џаред Каноњер (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 29-28)
Хулијан Маркез – Дарен Стјуарт (сабмишн, гилотина, Р2)
Чад Лаприс – Галор Бофандо (ТКО, Р1)
Нордин Талеб – Дани Робертс (КО, Р1)
Џон Мкадеси – Абел Трухило (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 30-27)
Алесио ди Чирико – Олувале Бамгбосе (KO, Р2)
Џордан Меин – Ерик Силва (едногласна одлука на судиите, 30-26, 30-27, 30-27)