Еркан Тепер ќе се врати на професионалниот бокс ринг по неговата двегодишно казна, иако таа се уште не е истечена.
Германецот со турско потекло беше суспендиран откако беше позитивен на допинг тест на 17 јули минатата година по победата над Дејвид Прајс (Англија). Борбата заврши со нокаут и беше за европската титула во тешка категорија.
Излезе дека Германската боксерска федерација нема да ја испочитува казната и ќе го благослови следниот меч на Тепер. Тој на 3 јули ќе боксира со Дерек Роси (САД).