Светскиот боксерски совет (ВБЦ) во Канкун, Мексико, ја одржува својата 57 конвенција.
Поранешниот шампион во ВБЦ, Адонис Стивенсон е меѓу гостите.
42-годишниот Хаитец доби особено топол пречек, откако се опорави од сериозната повреда здобиена во рингот.
Стивенсон во декември минатата година во Квебек загуби со нокаут во десетата одбрана шампион во полутешка категорија од Александр Гвоздик.
По борбата заврши во болница со тешка повреда на мозокот и беше ставен во медицински предизвикана кома. Успеа да се опорави и да им се придружи на соборците и на водечките луѓе од боксерската индустрија во Мексико.
Меѓу боксерите кои му искажаа најдобри желби на поранешниот шампион се и легендарните Хулио Цезар Чавез и Баду Џек.
Стивенсон се качи на сцената за време на конвенцијата и му беше врачен појасот „Шампион надеж“.