Донеги Абена и Тарик Хбабез ги обединуваат титулите на Глори Колишн 6

Донеги Абена и Тарик Хбабез ќе ги обединат титулите на Глори во полутешка категорија.

Абена ќе ја заложи неприкосновената титула против Мароканецот, кој е привремен шампион. Нивната борба ќе биде дел од картата на настанот Глори Колишн 6 на 4 ноември во Арнем, Холандија.

Абена има скор од 26-8 во кик бокс и е во серија од 2 победнички борби. На крајот на 2022 година го победи Фелипе Маселити и ја освои титулата. На почетокот на оваа година Донеги го одбрани појаост со победата над Сергеј Маслобоев. Абена има добиено 8 борби со нокаут. Два од неговите порази се со нокаут.

Донеги победи на само 2 од последните 6 борби за организацијата.

Хбабез има скор 49-10-1 во кик бокс. Тој во 29 борби победи со нокаут. Тарик е во победничка серија од 2 натпревари. Годинава ги победи Мохамед Амин и Даниел Толедо. Така, Хбабез ја прекина серијата од 4 последователни порази.

Тарик победи само на 3 од последните 8 борби во рингот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GLORY Kickboxing (@glorykickboxing)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON