Дон Кинг: За да го победи Кличко, Џошуа треба да се надмине себе си!

Легендарниот американски промотор Дон Кинг го кажа своето мислење во однос на претстојниот судир меѓу Владимир Кличко и светскиот шампион на ИБФ во супертешка категорија Ентони Џошуа и објасни што треба да направи британскиот боксер, за да го победи Украинецот. А тоа е – да се надмине себе си.

„За да го победи Кличко, Џошуа треба да го направи невозможното. Тоа ќе биде прекрасна борба, која ќе се претвори во вистински празник за навивачите и во која, во крајна линија, нема да има губитници“, изјави Кинг за Спорт Билд.

Според американскиот промотор, Кличко се уште е подобар од мнозинството боксери во тешка категорија и затоа Украинецот не треба да си заминува од боксот по борбата со Џошуа.

„Кличко не треба да оди во пензија по натпреварот со Џошуа, независно од тоа како ќе заврши средбата. Тој се уште е многу добар“, категоричен е Дон Кинг.

Дуелот Кличко – Џошуа ќе се одржи на стадионот „Вембли“ во Лондон на 29 април. Спектакуларната битка ќе биде следена од 90.000 гледачи, со што ќе биде подобрен рекордот за посетеност во повоената историја на боксот во Велика Британија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON