Легендарниот промотор Дон Кинг сака да напарави меч меѓу Бирмејн Стиворн и Александар Поветкин, а во исто време ги поканува Доналд Трамп и Влчадимир Путин да бидат дел од гледачите на оваа средба.
Имајќи предвид дека шампионот на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, е повреден, оваа организација му наложи на Поветкин да се сретне со Стиворн за привремената титула на Унијата.
„”Би сакал да организирам средба помеѓу Стиворн и Поветкин. Можеме да го направиме тоа во Русија, во САД или дури и во Африка. Јас сум пријател со претседателот на Русија Владимир Путин, исто така го поддржувам и Доналд Трамп, кого го познавам одамна. Можеби тие би можеле да седнат еден до друг крај рингот. Претседател Путин и претседателот Трамп. Можете ли да го замислите тоа“?
„Ако Бирмејн победи во овој меч, ние ќе го претставиме пред целиот свет. Тој се уште има многу што да докажува. Единствено тој издржал цел натпревар против Вајлдер, но вистината е дека му ја подари победата. Ова е неговиот шанса за изгладуање“.