Познатиот американски промотор Дон Кинг ја истакна големината на легендарниот боксер Мухамед Али, кој почина на 74-годишна возраст.
„Го сакав овој човек. Тој ми беше пријател во текот на целиот мој живот. Али никогаш нема да умре. Тој беше борец за луѓето, народен шампион. Тој покажа непобедлив карактер и сила на духот. Тој беше подготвен да сноси одговорност за своите постапки. Тоа е она што го одделува зрното од плевелот“, рече Дон Кинг пред изданието Fightnews.