Точно 1,43 минути тареше мечот кој со големо внимание се очекуваше на УФЦ на ЕСПН 6 меѓу Крис Вајдман и Доминик Рејес. Главната борба заврши во првата рунда откако Рејес го нокаутира противникот.
Вајдман тргна во напад, но беше премногу отворен и неговиот искусен противник лесно му нанесе тежок удар во лицето со кој го испрати на подот, а потоа продолжи да го удира пред судијата да го прогласи натпреварот за прекинат.
Многу подбро помина борба меѓу Јаир Родригез и Џереми Стивенс во перо категорија. На крајот победата му припадна на Родригез во едногласна одлука на судиите.