Македонскиот репрезентативец Бобан Илиоски (81 кг) загуби во четвртфиналето на Светското првенство во тајландски бокс во Банког, Тајланд, од домашниот борец Сутхат Бунчит со 27-30.
Сите три рунди судиите ги бодуваа 10-9 за Бунчит, со што изостанапласманот во полуфиналето и освојувањето на бронзениот медал.
Претходно Илиоски извојува две победи, прво против Иранецот Сеједкеиван Солеиманисафаханех 29-28 и потоа со нокаут во првата рунда над Мајкл Брадбери од Велика Британија.
Да потсетиме дека Илисоки (-81 кг, Б класа) минатата година го освои сребрениот медал на Светското мај тај првенство во Канкун, Мексико.
Ipon.mk