Долгоочекувана одлука: УФЦ и УСАДА повеќе нема да казнуваат за пушење марихуана

УФЦ и УСАДА вчера донесоа одлука дека употребата на марихуаната повеќе нема да се казнува како прекршок. Ова е одлична вест за сите оние кои со години се борат за вакво нешто, како и сите оние кои досега имаа проблеми поради тестовите кои беа позитивни за ТХЦ. Затоа, некои доживеаја поништување на борбите во кои победија.

Според потпретседателот на УФЦ и всушност главната личност за допинг-прашања, Џеф Новицки, одлуката е донесена поради новите откритија за тоа како ТХЦ влијае на организмот и како е во состојба да остане во масното ткиво долго време и да покаже позитивен резултат. Понатаму, употребата на ТХЦ на денот на борбата ќе биде забранета, односно ќе се казни доколку се забележи дека има влијание врз перформансите на борецот. Сепак, ова нема да се открие со тестирање, но борецот ќе биде испратен на тестирање само доколку вакво нешто се потврди со визуелни критериуми.

Се разбира, ова не значи целосна победа, бидејќи сè уште има федерални комисии и секоја има своја политика. Сепак, најтешка е онаа во Невада, всушност седиштето на УФЦ, каде борците сè уште се тестираат одделно, без оглед на УСАДА. Многумина во Лас Вегас имаа проблеми поради тоа и веќе имаше суспензии од страна на НСАЦ, дури и кога УСАДА тврдеше дека сè е во ред и ја охрабри комисијата да ја смени својата одлука.

Новицки се надева дека оваа одлука сепак ќе влијае на сите комисии да ги почитуваат новите правила и дека забраната за конзумирање марихуана конечно ќе стане дел од историјата на ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON