Од ВБА стигна наредба аукцијата за хонорарот за борбата меѓу Александар Усик и Даниел Дубоа да се одржи на 25 мај.
Украинскиот боксер ќе добие 75 отсто од заработката, додека Британцoт би требало да ги добиe останатите 25 отсто.
Усик ќе ја брани светските титула во ВБА, ИБФ и ВБО на мечот против Дубоа.
Но, познатиот боксерски новинар Мајкл Бенсон истакнува дека Даниел Дубоа се уште е под знак прашалник за мечот поради повреда на коленото.
Имено, британскиот тешкаш минатата година го победи Кевин Лерена, но во таа борба се повреди.
Дубоа достави медицински извештаи кои покажуваат дека ја санирал повредата, но Бенсон се сомнева во тоа.
А доколку Дубоа се повлече од мечот, тогаш следен противник на Усик треба да биде Дионтеј Вајлдер, а по него Мартин Баколе.
Хрватскиот тешкаш Филип Хрговиќ е на седмото место на листата на предизвикувачи на ВБА.