Судирот во супертешка категорија во професионалниот бокс меѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури сега е на чекор до тоа, бидејќи двете страни веќе подготвија договор.
Промоторот на AJ, Еди Херн изјави дека му испратил верзија на договорот за потпишување до неговиот колега Боб Арум, кој го претставува „Кралот на Ромите“.
„Првата верзија на договорот е подготвена и веќе е со Боб Арум, а тоа секако е добро. Договорот ја одразува позитивната природа на досегашните дискусии поврзани со мечот. Сега ги чекаме нивните коментари пред да продолжиме и да избереме каде ќе се одржи средбата. Се надеваме дека ќе добиеме потпис во рок од две недели“, изјави Херн за британските медиуми.
Пред неколку дена, Арум објави дека е наскоро ќе добие договор од британскиот колега за испраќање до Тајсон Фјури, неговиот менаџер Френк Ворен и еден куп адвокати.
„Разговарав со Еди. Тој и луѓето околу Џошуа ќе не контактираат оваа недела. Потоа, ќе го испратам договорот до Френк, Тајсон и разни адвокати. Тогаш ќе му го вратиме на Еди, но мислам дека нема што многу да се разбираме. Секој е професионалец и сака на овој меч да се одржи. Ќе се сложиме брзо и потоа заедно ќе избереме место за борбата“, рече Арум.