Договорени се неколку одлични мечеви во УФЦ, Физиев се бори против Гамрот

Најголемата светска ММА организација најави неколку одлични натпревари кои ќе се одржат наскоро.

Еден од нив секако е борбата во лесна категорија меѓу Рафаел Физиев (12-2) и Матеуш Гамрот (22-2) кои треба да се соочат на 23 септември на настанот УФЦ Фајт најт во Апекс во Лас Вегас.

Физиев во март по вистинска војна загуби од Џастин Гејџи со мнозинска одлука, додека Гамрот на почетокот на април го победи Џалин Тарнер со поделена одлука.

Во перо категорија, за 23 септември е договорена борба помеѓу Брајс Мичел (15-1) и Ден Иге (17-6).

Минатата година во декември Мичел загуби од Илија Топурија со завршница во втората рунда, а Иге, пред нешто повеќе од еден месец, со едногласна одлука на судиите го победи Нејт Ландвер.

Борбата во перо категорија меѓу Гига Чикадѕе (14-3) и Алекс Касерес (21-13) е додадена на настанот на 26 август во Сингапур, чии предводници  ќе бидат Макс Холовеј и Корејското зомби Чанг Сунг-јунг.

Во истата дивизија е договорена уште една голема борба. Имено, на настанот на 14 октомври Едсон Барбоса (23-11) ќе ги одмери силите против Содик Јусуф (13-2).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON