Договорена пресметка меѓу Висенте Луке и Рафаел дос Анчос

Најголемата светска ММА организација приреди одличен меч во полусредна категорија, Висенте Луке на 15 јули треба да се соочи со Рафаел дос Анчос.

Минатата година не беше успешна за Луке, бидејќи загуби од Белал Мухамед и Џеф Нил. Тие порази го оддалечија од позицијата предизвикувач.

А Дош Анчос лани имаше три борби, го победи Ренато Моикано, а потоа загуби од Рафаел Физиев.

После тоа Бразилецот се врати во полусредна категорија, а во втората рунда со завршница го совлада Брајан Барберена.

Мечот меѓу Луке и Дос Анчос изгледа ќе го предводи јулскиот настан на кој ќе се појави и Волт Харис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON