Договорена е голема тешкашка пресметка меѓу непоразениот Џојс и Дубоа

Договорена е голема пресметка меѓу непоразените британски тешкаши.

34-годишниот Џо Џојс (10-0, 9 КО) ќе се бори со Даниел Дубоа (14-0, 13 КО) на 11 април во лондонската О2 арена.

Борбата ќе биде официјално објавена следната недела.

Џојс помина во професионалци по освојувањето на сребрениот медал на Олимписките игри во Рио 2016. Во последните три борби ги победи поранешниот светски шампион Бирмејн Стиворн и Александар Устинов, како и Брајант Џенингс минатиот јули со едногласна одлука.на судиите.

Дубоа во последната борба во декември во втората рунда го нокаутира поранешниот  К-1 првак Кјото Фуџимото.

И двајцата имаат ист промотор, Френк Ворен.

Џојс требаше да се бори за испразнетата титула во ЕБУ во јануари против Марк Хук, но мечот беше откажан откако санџаклијата се повреден.

Потоа Европската боксерска унија за испразнетата титула во тешка категорија ги одреди Џојс и Филип Хрговиќ од Хрватска. Хрговиќ ја има следната борба во март, па останува да се види дали, откако ќе ги реализира обврските, ќе дојде до тој меч.

https://www.youtube.com/watch?v=cz0njEauFyg&feature=emb_logo
https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=qbwFasER5_o&feature=emb_logo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON