Договорена е борбата Бадр Хари – Рико Верховен

Badr Hari vo ring

Најочекуваниот тешкашки меч во кикбоксот се чини дека сепак е договорен.

Британскиот Телеграф прв објави, а директорот На Глори, Џон Џ. Френклин и потврди дека Рико Верховен ќе се борба против Бадр Хари.

Борбата ќе се одржи во Германија во декември, но точниот датум се уште не е објавен. Титулата на Глори во тешка категорија нема да биде влогот во овој меч.

Пред неколку недели беа пуштени во продажба билетите за настанот на Глори во Холандија, кој требаше да го предводат Верховен и Хари, но тренерот на Мароканецот, Мајк Пасениер, пред неколку дена изјави дека борбата нема да се одржи во Холандија.

Претходно, Верховен во септември по петти пат ќе ја брани титулата на Глори против Бразилецот Андерсон Силва.

„Договорено е. Двајцата потпишаа договори. Возбудени сме што на фановите може да и ја понудиме оваа борба. Ние го сакавме тоа, исто така и Рико и Бадр. Следните неколку месеци за сите вклучени ќе бидат навистина големи. Момчињата ќе бидат во тренажен процес, а ние ќе имаме глобална платформа да ја покажеме оваа борба на фановите во целиот свет. Бадр е големо име во нашиот спорт и повеќе пати го предизвика Рико. Рико изјави дека ја сака оваа борба и на неа гледа како на онаа која ќе го зацементира неговото наследство“, рече Френклин за ММА манија.

https://youtu.be/fBUSBNNM_lo

https://youtu.be/Zve4zzkcVaM

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON