Договорен уште еден тешкашки спектакл: Вајт – Поветкин во мај во Манчестер

Британскиот боксер Дилиен Вајт ќе го брани појасот на привремен шампион во тешка категорија на (ВБЦ) против Русинот Александар Поветкин на 2 мај во Манчестер.

Вајт има 27 победи (18 со нокаут) и еден пораз како професионалец од сонародникот Ентони Џошуа на 12 декември 2015 година.

Поветкин има 35 победи (24 со нокаут), 2 порази и 1 реми. Поразите на Русинот се од Џошуа и легендата Владимир Кличко.

„Навистина сум среќен што ќе боксирам со Дилиен Вајт. Веќе долго време разговаравме за оваа борба, но досега не успеавме да се разбереме. Дилиен е добар, силен боксер. Ќе биде интересно да се сретнеме. Не сакам да давам громогласни изјави, но секогаш влегувам во рингот со мислата за победа. Можам да ветам дека на 2 мај гледачите ќе видат прекрасен бокс“, коментира Поветкин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON