Договорен е реваншот меѓу поранешниот шампион на УФЦ Роби Лоулер (28-13, 13-7 УФЦ) и Тајрон Вудли (19-4-1, 9-3-1 УФЦ).
Борбата ќе се одржи на УФЦ на ЕСПН настанот на 29 јуни во Минеаполис.
Во првиот дуел во јули 2016 година Вудли го нокаутира „Рутлес“ во првата рунда и му го презема шампионскиот појас. Потоа четири пати ја одбрани титулата пред да го загуви од Камаруа Усман во почетокот на март.
37-годишниот Лоулер загуби три од последните четири натпревари. Во последниот влез во октогонот беше поразен од БенаАскерен со булдог давење во првата рунда.
https://www.youtube.com/watch?v=kmZIlfgp1nQ
.