Договорен е реваншот меѓу Самедов и Цимерман

Забит Самедов и Ерол Цимерман повторно ќе се најдат во рингот по речиси десет години.

Во првиот меч во финалето на К-1 Гран при во Амстердам во 2008 година, Коскокршачот славеше со мнозинска одлука на судиите и го освои турнирот на осуммината.

33-годишниот Азербејџан ќе добие шанса за реванш на 23 август на Ахмат фајт шоу во Грозни.

Самедов еднаш се бореше оваа година. Во мај го победи Фредерик Синистер во Истанбул со прекин во втората рунда.

31-годишниот Цимерман далеку е од најдобрите денови. Загуби четири од последните шест натпревари, а на полседниот во мај беше нокаутиран од Аднан Реџовиќ.

https://youtu.be/az-2NWRnrKc

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON