Неофицијално: Ломаченко – Ригондо на 9 декември

Една од најочекуваните пресметки  во последниве години меѓу Васил Ломченко и Гилермо Ригондо може да се случи на 9 декември.

За првпат во историјата ќе има меч меѓу ривали кои освоиле две олимписки титули. Се очекува борбата да се одржи во Медисон сквер гарден. Топ ранг веќе ја закупил слата.

Резервна опција за ривал на Ломченко е Орландо Салидо, од кого Украинецот го претрпе единствениот пораз во професионалната кариера.

https://youtu.be/CWkB3U6fInQ

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО