Договорен е реваншот меѓу Головкин и Канело

Генади Головкин (37-0-1, 33 КО) и Сол Алварез – Канело (49-1-2, 34 КО) ќе добијат нова шанса да одлучат кој е најдобриот среднаш во светот.

Реваншот е закажан за 5 мај на мексиканскиот празник „ Cinco De Mayo“.

Првата битка во септември минатата година заврши нерешено со поделена одлука на судиите.

„Подготвен сум повторно да се борам со Канело и мило ми е што ја прифати борбата. Ова е борбата што ја сака светот. Ова е борбата што ја заслужува боксот. Не се согласив со некои судски одлуки во првата битка. Овој пат нема да има сомнеж. Ќе го напуштам рингот како најдобар среднаш во светот“, рече ВБА, ВБЦ, ИБФ и ИБО шампионот Головкин.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON