Догбо импресивен во првата одбрана на титулата (ВИДЕО)

23-годишниот Исак Догбо (20-0, 14 КО) во април стана најмладиот светски шампион во богата боксерска историја на Гана.

Африканецот со прекин во 11-тата рунда во Филаделфија го попеди Џеси Магдален, му го нанесе првиот пораз во кариерата и ја освои светската титула на ВБО во супербантам.

Првата одбрана на појасот ја имаше минатиот викенд во Глендејл во Аризона.

Догбо со прекин во првата рунда го победи 37-годишниот предизвикувач од Јапонија Хидонери Отаке (31-3-3, 14 КО).

Прво во средината на рундата го собори со лево кроше. Потоа, по примениот заден директ контакт, Отаке со ракавицата го допре подот, па имаше ново броење. Следеше нова канонада на удари и судијата одлучи да го прекине мечот и да го спаси Јапонецот.

https://youtu.be/UEGVpqx4cNM

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON