Доделени наградите „8 Септември“: Драган Стојановски за животно дело, Томе Коцев за посебни остварувања во спортот

Агенцијата за млади и спорт (АМС) ги додели годинешните награди „8 Септември“ за посебни остварувања во спортот.

Добитниците на наградата „8 Септември“ се Томе Коцев (борење), Атанас Николовски (кајак), Кочо Димитровски (фудбал), како и доктор Слободан Николиќ (кошарка).

Исто така, награда за животно дело доби првиот човек на Карате федерацијата на Македонија, Драган Стојановски, кој е еден од најзаслужните за успехот на каратистите.

Добитниците ќе добијат признанија, а освен тоа и парична награда во висина од 10 просечни плати, односно 250.000 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON