Денес на свечена церемонија на Христијана Парулеска и беше доделен бронзениот медал што го освои во борби за јуниори (14-15 години) на Светското првенство во традиционално таеквондо (ИТФ).
Повредата на задната ложа на десната нога во полуфионалето ја оневозможи нашата репрезентативка на СП во Астана, Казахстан, да се бори во финалето.
Парулеска во првиот меч славеше против најсиланата натпреварувачкаод Русија, а потоа и против репрезентативки на Канада, Грција и Узбекистан.
„Нашата Христијана Парулеска дома ни носи бронза!
Сите честитики и аплаузи одат за Христијана, која на Светското таекводно ИТФ освои бронза!
Поради повреда Христијана беше спречена да се бори за злато, но докажа дека е несопирлива, со силен борбен дух!
Честитки и за останатите членови на Македонската традиционална таеквондо федерација која во Астана – Казахстан не претставија во најдобро светло!“, напиша на Фејсбук директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски по повод освоениот медал.