Додека Мејведер и Мек Грегор имаат прблем со продажбата, Канело и Головкин ја распродадоа салата

Еден боксерски меч долго се очекува, а картите се распродадоа како алва, но тоа не е средба меѓу Флојд Мејведер и УФЦ шампионот во лесната категорија Конор Мек Грегор.

Билетите за боксерскиот меч помеѓу Сол Алварез – Канело и Генади Головкин официјално се распродадени.

Алварез и Головкин ќе се сретнат на 16 септември, три недели по Мејведер и Мек Грегор.

Двете најочекувани борби ќе се одржат во Т-Мобиле арена во Лас Вегас.

На само две недели до битката, Мејведер и Мек Грегор имаат проблеми со продажбата на влезниците. Еден од главните фактори за ова е високата цена на билетот. До денес, најевтиното место во арената чини 2.000 долари, многу повеќе од тоа што ММА навивачите се навикнати да плаќаат за да видат како се бори Мек Грегор.

Не само што Мани и Ноториус имаат високи цени на билетите, туку и повеќе ќе чини да ги видат на телевизискиот екран. Цената на ТВ пакетот за шоуто ќе ве чини скоро 100 долари.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON