Самоиницијативно боксерските клубови Пинк пантер, Аперкат и Шкендија завчера во Штип направија јавен спаринг за деца, кадети и јуниори и една за сениори, однонсо девет борби.
Претставниците на овие клубови велат дека ова го прават поради лошата состојба во Бокс федерацијата на Македонија, до конечното решавање на ситуацијата. На овој начин се гледа што може да се спаси во трофејниот спорт и затоа целото внимание се насочува кон младите, бидејќи со доегашната состојба се уништени неколку генерации, поради што мора да се подигаат нови.
Општа е констатацијата дека е паднат квалитетот, но љубителите на боксот се желни за враќање на трофејните патеки, па така салата во Штип беше преполна за да ги следат младите надежи.
Најверојатно идната недела ваков јавен сапринг ќе се одржи во Скопје, притоа ќе бидат повикани и другите клубови да земат учетсво.
Ipon.mk/В. Д.