Европскиот шампион Бесар Алили кој викендов стана европски кадетски шампион во слободен стил во категорија до 48 килограми по победата во финалето над Ховханисјан од Ерменија со 7-6 на Европското првенство во Фиренца, Италија, е пречекан со зурли и тапани на граничниот премин Табановци од функционери, тренери, борачи на БК Лирија и навивачи.
Со панорамскиот автобус шета по улиците на Чаир и за некое време треба да пристигне на плоштадот „Скендербег“, кадешто има организиран дочек. Има и огномет во негова чест.