Добрата страна на Мек Грегор: Донира милион евра на неговиот прв боксерски клуб

Конор Мек Грегор е контроверзен борец, кој ги дели фановите во зависност од расположението. Сепак, неговите провокации, проблемите со законот и скандалите не се единственото нешто што му го покажува на светот.

Неодамна, ирската ММА ѕвезда донираше еден милион евра на својот прв боксерски клуб во Даблин – БК Крумлин. Сопствениците на салата сакаат да ја прошират инфраструктурата на клубот за еден кат и да направат теретана, а Конор се појавува во вистински момент.

„Конор Мек Грегор плати 1.000.000 евра за да го прошири Боксерскиот клуб Крамлин, што го прави најдобриот боксерски клуб на планетата“, објави Боксерскиот клуб Крамлин на нивниот официјален профил на Тик Ток.

Мек Грегор не е активен од 2021 година, кога неговата борба со Дастин Пориер беше прекината откако Ирецот ја скрши ногата. Сите очекуваат тој да се врати во 2023 година, а многумина го гледаат Мајкл Чендлер како потенцијален противник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON