Прекраснa вест за каратистите. Препораките за „Олимписката агенда 2020“ се одобрени на последната вонредна седница на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), известуваат од Светската карате федерација (ВКФ).
По одлуката на седницата на МОК, одржана во Буенос Аирес во септември минатата година, на спортска програма на Олимписките игри во 2020 година, а благодарение на лидерството на претседателот на МОК, г-дин Бах, кој ги промовира реформите на игрите, сега се зголемени очекувања меѓу 100 милиони каратисти и придружни луѓе од целиот свет за вонредната седница на МОК „Олимписка агенда 2020“.
„Тоа не е само искрена желба на јапонскат карате заедница, туку карате заедницата од целиот свет, кои со каратето ќе бидат вклучени на Олимписките игри 2020 во Токио, кои се извор на соништа и надеж за децата насекаде и ова се уште е горлива надеж за целото карате семејство“, наведуваат од ВКФ..
„Сега сме еден чекор поблиску нашиот сон да се обистини“, заклучуваат во ВКФ.