Поранешниот шампион на Велика Британија во средна категорија, Ник Блеквел, се освести од вештачка кома во неделата. Веднаш потоа боксерот зборувал со семејството и најблиските пријатели.
Блеквел колабираше во саботата навечер, откако беше нокаутиран од Крис Јубенк – Јуниор и ја загуби титулата. Веднаш по мечот боксерот беше пренесен во болница. Докторите открија мозочно крварење и го ставија во вештачка кома.