Во првите настапи на Европското првенство во борење за сениори во Нови Сад нашите претставници Владимир Егоров и Бобан Савев заблежаа порази.
Сепак, воопшто не треба да бидеме разочарани, пред се од Егоров, кој храбро се бореше со Русинот Угуев и загуби со 3-5. Можеби поразот се должи при една грешка во напад кога Угуев ги освои двата клучни поени. Егоров до крајот напаѓаше, но времето не беше на негова страна. Сега останува да чека на финале на Русинот за тој да се бори во репасажот.
Савев дебитираше на големата сцена и против носителот на сребрениот медал од ОИ во Рио немаше многу шанси. Сепак, техничкиот туш беше во втората рунда, откако првата заврши 9-0 за Турчинот. И Савев може да се надева на репсаж.
-57 кг Владимир Егоров – Завур Угуев (Русија) 3-5
-86 кг Селим Јашар (Турција) – Бобан Савев 11-0 ТТ
Ipon.mk/В.Д.