Македонскиот борец (82,5 кг), Даниел Стефановски, кој живее Швајцарија, утре на Агровина фајт челинџ ќе се бори за титулата на оваа држава во MMA во ВФЦ верзија, а ќе се сретне со Кевин Бузер во Арау.
Стефановски има 20 години и до сега одработил 28 борби во К-1 и талјандски бокс и е европски првак во К-1.
Стефановски и Бузер ќе се борат во пет рунди од по три минути. Инаку Даниел е првак на Швајцарија во категоријата до 75 кг од 2013 година во тајландски бокс и европски првак од 2014 во верзијата ВПМЦ. На 9 јули ќе се бори за титулата европски првак во ИФЦ.
Покрај средбата на Стефановски и Бузер, утре во Шахенхале ќе има уште три меча за светски првак во ВФЦ во разни категории и уште два за првак на Швајцарија, како и уводните пет. На овие борба борците се претежно од Балканот.
Органзатор на настанот е клубот на Стефановски „Фајтџим“- клуб за ММА, борење, бразилско џиу-џицу и тајландски бокс.