Шампионот на Светската боксерска асоцијација (ВБА Супер) и Меѓународната боксерска организација (ИБО) во полутешка категорија Русинот Дмитри Бивол ќе ги брани титулите во борба со Либиецот Малик Зинад. Веста доаѓа од ЕСПН, цитирајќи го Турки Алалших, министер и претседател на Генералниот директорат за забава во Саудиска Арабија.
Мечот ќе се одржи на 1 јуни во Ријад, Саудиска Арабија. Минатиот викенд се дозна дека борбата меѓу Бивол и светскиот шампион во верзиите на Светскиот боксерски совет (ВБЦ), Светската боксерска организација (ВБО) и Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) во полутешка категорија Артур Бетербиев е одложена до крајот на годината.
Подоцна медиумите објавија дека Бетербиев има скинат менискус и ќе го оперира коленото, а Бивол бараше нов противник. Сега тој ривал е факт и се вика Малик Зинад. 33-годишниот Бивол има 22 победи (11 со нокаут) и ниту еден пораз. Зинад има 30 години, има 22 победи во професионалниот ринг (16 со нокаут) и исто така е непоразен.
Последната борба на Бивол беше во декември во Ријад, каде со одлука го победи Линдон Артур.
Dmitry Bivol (22-0, 11 KO’s) will now defend his WBA light-heavyweight world title on June 1st vs. Malik Zinad (22-0, 16 KO’s) after his fight with Artur Beterbiev was postponed.#boxing #dmitrybivol #arturbeterbiev #beterbievbivol #bivolbeterbiev #malikzinad #bivolzinad pic.twitter.com/dwuygL6Fh2
— Soundtrack Sportz (@SportzTrackz) May 5, 2024