Дмитри Бивол: Верувам во победата над Канело Алварез

Непоразениот шампион на ВБА во полутешка категорија, Дмитри Бивол (19-0, 11 КО) верува дека може да го победи Канело Алварез. Тие ќе се борат овој викенд во Лас Вегас. Во март, Бивол рече дека добил совет од Сергеј Ковалев, кој загуби во 2019 година со нокаут од Алварез.

Дмитриј верува во неговата победа и е уверен дека може да ја задржи титулата.

„Многу сум возбуден и со нетрпение ја очекувам оваа битка. За мене ова е одлична можност да ги покажам моите вештини пред љубителите на боксот ширум светот.

Сол се покажа како еден од најдобрите победувајќи ги речиси сите противници. Канело е голем борец. Сега тој е дефинитивно еден од најдобрите. Овој човек остави голема трага во историјата на боксот.

Верувам во себе. Ги победив сите со кои сум се борел во кариерата. Затоа верувам и дека можам да го победам Сол.

Секој боксер има свои силни и слаби страни. Никој не е совршен. Мојата цел е да се фокусирам на моите сили и да ги искористам во моја корист.

Знам дека треба да бидам 100% подготвен за оваа борба. Ако бидам добро подготвен, ќе ја добијам оваа битка“, изјави Бивол во интервју за Ринг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО