Дмитри Бивол сака да му ги земе сите појаси на Канело Алварез

Дмитри Бивол продолжува да се доближува до реванш со Сoл „Канело“ Алварез.

Канело едвај чека да му се одмазди на Русинот, а тоа може да се случи најрано во есента 2023 година. Поразот силно го погоди Мексиканецот, кој е подготвен на секакви отстапки за да добие втор меч.

Менаџерот на Бивол, Вадим Корнилов вели дека Бивол сака реванш, но овој пат за титулите во суперсредна категорија.

„Што се однесува до мене, тоа ќе биде повторување на она што веќе се случи. Бивол сака да оди по титули во суперсредна категорија.

Тој е привлечен и мотивиран од титулите на Канело во оваа дивизија.

Исто така, оваа опција му дава на Канело уште нешто да покаже. Искрено, не гледам зошто на Бивол му треба реванш со Канело. Дмитри веќе го претепа.

Тој не е толку мотивиран како што беше. Не е толку голем предизвик. Сепак, еден од клучните услови за реванш со Канело е борбата за титулата во суперсредна категорија.

За Бивол е важно сите титули да бидат заложени“, изјави Корнилов.

Алварез веќе има закажана борба и таа ќе биде против Џон Рајдер во мај во Мексико. Бивол е подготвен да го чека до септември, но очигледно ќе сака сите појаси да бидат заложени. Ова ќе биде огромен ризик за Алварез.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dmitry Bivol (@bivol_d)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО