Дмитри Бивол: Можам да го победам Канело Алварез

Дмитри Бивол тврди дека веќе знае како да го победи Канело Алварез пред нивната борба на 7 мај во Т-Мобиле арената во Лас Вегас. Бивол верува дека ќе победи, се додека го следи својот план за борба и не отстапува од него.

Непоразениот шампион на ВБА во полутешка категорија Бивол (19-0, 11 КО) ги гледаше минатите битки на Канело. Тој смислил план за битката, кој вклучува комбинирање на удари, притискање и многу движења што не би го направиле стационарна цел.

Во теорија, ова може да изгледа лесно, но во пракса можеби не е толку лесно. Билов доби совет од Сергеј Ковалев, кој во 2019 година загуби со нокаут од Алварез.

Во интервју за ДАЗН Бивол ја коментираше претстојната битка.

„Ковалев ми рече дека не треба да претерувам со тренинзите. Канело е само човек, боксер. Тој не е ништо повеќе. Сергеј ми рече да мислам на Алварез како друг противник. Ништо повеќе.

Само треба да си ја работам својата работа, да го работам тоа што го правам најдобро. Морам да зададам добри удари, да се движам и да притиснам. Понекогаш ќе морам да се повлечам.

Можам да ги правам овие работи. Ако можам да го направам тоа добро, тогаш ќе победам“, рече Бивол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON