Дионтеј Вајлдер: Време е Америка да се разбуди, јас сум најопасниот маж на светот (ВИДЕО)

ВБЦ шампионот во тешка категорија Дионтеј Вајлдер имаше поголемо интервју соБрендан Шауб од Шоутајм спорт пред грандиозната средба во САД со Тајсон Фјурри 1 декември во Лос Анџелес. Ваква средба во САД се случува по 15 години.

Вајлдер, кој е шампион на Америка во тешка категорија уште од 2007-ма, во интервјуто проговори и за победата над Луис Ортиз и за неверојатната сила да нокаутира, до тензијата која ја доживува еден елитен шампион. Сето ова се разложи во детали во видеото снимено на покривот на двокатен автобус кога шетал низ Лос Анџелес.

https://www.youtube.com/watch?v=h4oM9mGFa8U

Сепак, најмногу се зборуваше за претстојната средба со Фјури.

„Во текот на целата кариера сите тврдат дека имам само една рака. Но во рингот овој пат работите ќе бидат поинакви. Сите планови, сето она што сме го наумиле, ќе биде остварено, како што вели Мајк Тајсон“.

„Сега е време Америка да се разбуди и да сфати дека меѓу нив е најопасниот човек на земјата – токму тука. И што мислите дека ќе оставам некој Циган да дојде само така и да го расипе сето? Не сум согласен“.

Средбата е на 1 декември во Лос Анџелес. Вајлдер, кој ги нокаутира сите седум предизвикувачи за неговата титула, ќе се обиде да го одбрани појасот осми патс. Во третата средба од неговото враќање, Фјури ќе има шанса да стане шампион во тешка категорија по втор пат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО