Дионтеј Вајлдер со нокут против Шпилка ја одбрани светската титула (ВИДЕО))

deontay-wilder-vs-artur-szpilkanaoki-fukuda

Дионтеј Вајлдер (36-0, 35 КО) по трети пат ја одбрани титулата во тешка категорија на Светскиот боксерски совет (ВБЦ). Американецот го нокаутира Полјакот Артур Шпилка на галавечерта во Њујорк. 

„Бронзениот бомбардер“ пред повеќе од 12.500 гледачи во Њујорк со десницата во деветата рунда го нокутираше Шпилка (20-2, 15 КО)

„Го направив она штого сакав. Им дадов нокаут на луѓето. Мојата десна рака се врати“, рече по борбата Вајлдер.

До нокаутот Американецот водеше на судиските картички со 78-74, 78-74 и 77-75. Вајлдер за борбата ќе добие 1,5 милиони долари, а Шпилка 250.000 плус пари од полската телевизија.

Следниот противник на американскиот боксер е Русинот Александар Поветкин, а натпреварот треба да биде организиран до крајот на годината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON