Дионтеј Вајлдер се враќа во рингот во април на настанот БЛК Прајм

Поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија Дионтеј Вајлдер ќе се бори на настанот БЛК Прајм во април, но се уште не е познато кој ќе биде противникот.

Неговиот менаџер Шели Финкел открива дека името на противникот ќе биде познато многу брзо, а на барање на БЛК Прајм, Бронзениот бомбардер треба да се бори со некој што фановите сакаат да го гледаат.

Вајлдер изгледаше прилично лошо во неговите последни две борби, губејќи од Жилеј Жанг и Џозеф Паркер. Сега дефинитивно му треба победа доколку сака да ја продолжи кариерата, но повторно против интересен противник.

За потенцијална борба против Френсис Нгану се зборува веќе некое време, па доколку тој е следниот противник на Вајлдер би можело да биде интересно.

Нема сомнеж дека навивачите сакаа да видат меч меѓу Вајлдер и Нгану, кој му зададе многу маки на Тајсон Фјури, но и загуби со нокаут од Ентони Џошуа.

Поранешниот шампион Вајлдер (43-4-1, 42 КО) се враќа во рингот по поразот со нокаут во петтата рунда против Жилеј Жанг. Минатиот јуни Кинезот му го нанесе четвртиот пораз на Дионтеј во неговите последни пет борби.

„Ми беше кажано дека Бронзениот бомбардер ќе има камбек борба во април на настанот БЛК Прајм. Во сабота Вајлдер и менаџерот Шели Финкел ќе се сретнат со медиумите во Лос Анџелес и таму ќе го соопштат името на противникот“, напиша Манук Акопјан на X.

Обожавателите би сакале повторно да го видат стариот и безмилосен Вајлдер, кој пред само неколку години им внесе страв во коските на противниците.

Но, двата порази против Фјури се чини дека влијаеја на следните настапи на Вајлдер. Тој оствари само една победа во 2022 година со нокаут во првата рунда против поранешениот спаринг партнер Роберт Хелениус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО