Дионтеј Вајлдер: Сакам да му го наплескам газот на Фјури и после да го нокаутирам

Дионтеј Вајлдер исткана дека секој пат како излегува во рингот си препоставува чекор по чекор што точно ќе се случи, а исто тоа ќе го направи и во моментот кога треба да се соочи со Тајсон Фјури.

33-годишниот боксер може да направи се што намсилил на 1 декември, кога ќе се одржи сребата во Лос Анџелес.

„Јас сум емоционален, ментално и физички жив – станувам убиец“.

За да си обезбеди успех во претстојниот судир, Вајлдер повторно се обидува да влезе во „зен“ состојба на која често се потпира откако го освои бронзениот медал на Олимписките игри пред децении и напорно се подготвува за најголемата средба во кариерата.

„Кога работите кои ми го одземаат вниманието и тензиите стануваат преголеми, знам како да се опуштам. Свесен сум колку е голема оваа средба и колку и значи на навивачите и сите околу мене. Црпам енергија од нив. Ќе се обидам да ги оправдам очекувањата“.

Добрата вест е дека што не мора да размислува за рекламирање на настанот, бидејќи неговиот противник е доволно привлечен и привлекува сериозен интерес за мечот. Вајлдер, кој има 39 нокаут зад себе, изгледа дека не е загрижен од вербалните напади на Фјури.

Тој дури вели дека тренира за Британецот на ист начин како што го правел тоа за сите други противници пред него.

„Може и милион луѓе да има во салата, можам максимално да се фокусирам без проблем. Но сакам да ну растурам газот на Фјури. И потоа да го нокаутирам. Сега ми е шансата. Ќе се докажам пред светот како најопасен боксер на планетата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON