Светскиот шампион на WBC во тешка категорија, 30-годишниот Американец Дионтеј Вајлдер, неодамна во интервју истакна дека сака да излезе на рингот против Шенон Бригс.
„Чувствувам дека сум единствениот кој може да стави крај на шоуто на Шенон Бригс. Само не знам дали ќе се согласи со парите што ние ќе му ги понудиме за овој меч. Сепак, тој се мисли за голем, отколку што е во реалноста“.
Следната борба на Вајлдер е закажана за 16 јануари во Њујорк, САД, на арената „Barclays Center“.