Дионтеј Вајлдер сака да го исфрли Пулев од борбата за титулата со Џошуа

dionetj-vajlder-crn

Дионтеј Вајлдер ќе се обиде да го исфрли Кубрат Пулев од патот кон светската титула на Ентони Џошуа. Бугаринот е кандидат №1 на ИБФ и треба да добие шанса за борба за појасот есента 2017 година. Претходно Пулев ќе го чека победникот од средбата меѓу Британецот и Владимир Кличко во април, под услов Џошуа да не загуби оваа сабота од Ерик Молина.

Актуелниот шампион на ВБЦ, Вајлдер, кој со 31 година и има 37 победи со 36 нокаути, се опоравува од повредата. Послед пат се бореше во  јули со Крис Ореола, а во 2015 година го нокаутира и Молина во 9 рунда.

„Јас сум единствениот квалитетен боксер во тешка категорија. Ако Џошуа беше Американец, немаше да биде толку напред и да е толку сакан. Ќе беше само уште еден просечен боксер, ништо повеќе. Но бидејќи е Британец, а таму тоа е спорт број 2, сите го величат. Му завидувам за тоа. Немам трпение да се сретнеме и да покажам кој всушност е најдобар. Ќе биде одлично да ги обединиме појасите. Ова ќе значи еден од нас да поседува четири појаси- ВБЦ, ВБА, ИБФ и ИБО“, вели Вајлдер.

vajlder-dzosua

Американецот додаде дека со задоволство би боксирал и со Тајсон Фјури кој откажа од титулите и привремено се повлече.

„Кај него се случи тоа, така што не разбра кога да го исклучи лошото лице во себе. Со нетрпение го очекувам неговото враќање. Само да е поскоро, бидејќи еден меч со него, всушност, ќе биде многу интересен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON