Американскиот боксер во тешка категорија Динтеј Вајлдер добро знае каков притисок носи шампионскиот појас. Бронзениот бомбардер ја имаше титулата на ВБЦ од 2015 до 2020 година кога загуби од Тајсон Фјури.
Година ипол подоцна се одржа реваншот во кој Џипси Кинг повторно беше поуспешен.
Следниот настап на Вајлдер е на15 октомври, кога ќе се бори со Роберт Хелениус во Баркли центарот во Њујорк.
„Одлично е чувството кога не си под притисок. Кога првпат ја освоив титулата, сè одеше во моја корист, а сега стопроцентно одам по својот пат“, изјави Деонтеј Вајлдер и додаде:
„Јас сум во друга позиција, одлично е да се биде без притисок. Сега можам да боксирам од лични причини. Го правам тоа за народот и титулата“.
Вајлдер (42-2-1, 41 КО) се бори против стариот познаник и поранешен спаринг партнер Хелениус (31-3, 20 КО).
„Тој е полн со самодоверба. Спарингуваме заедно со години и добро се познаваме“, нагласи Дионтеј Вајлдер.