Светскиот шампион во бокс во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер, очигледно е дека не сака да се сретне со Александар Поветкин откако Русинот имаше позитивен допинг тест.
„Не можам да разберам зошто целиот овој процес трае толку долго. Тука се е јасно. ВБЦ треба да се стреми кон чист бокс. Во нашиот спорт е премногу опасно, ако некој од борците зема допинг. Поветкин ќе биде пример за другите боксери, кои земаат допинг“.
Поради позитивниот допинг тест на Поветкин борбата беше одложена за крајот на годината, но може и целосно да отпадне.