Дионтеј Вајлдер си најде нов противник за пета одбрана на титулата на ВБЦ во тешка категорија.
Како што се шпекулираше, 31-годишниот Американец на 25 февруари на домашен терен во Бирмингем, Алабама, ќе се бори со Џералд Вашингтон (18-0-1, 12 КО).
Поранешниот играч на американски фудбал како професионален боксер дебитираше во 2012 година со 30 години и затоа има само четири години боксерско искуство.
Во кариерата нема значајни победи, освен онаа со поранешниот ривал за титулите на Владимир Кличко, Еди Чемберс. Во 2013 година со едногласна одлука на судиите по осум рунди го победи тогаш 41-годишниот Шерман Вилијамс, а во 2015 година ремизираше со Амир Мансур, иако впечатокот на повеќето набљудувачи беше дека Мансур требало да победи. Во последната борба во јули минатата година, 34-годишниот Вашингтон во четвртата рунда го нокаутира 46-годишниот поранешен предизвикувач за титулата на Владимир Кличко, Реј Остин.
Вашингтон ќе го замени Полјакот Анджеј Важик кој падна на допинг тестот.