Дионтеј Вајлдер ја одбрани светската титула против Ареола (ВИДЕО)

Diontej Vajlder Kris Areola borba

Дионтеј Вајлдер (37-0, 36 КО) по четврти пат ја одбрани светската титула на ВБЦ во тешка категорија.

„Бронзениот бомбардер“ во Бирмингем, Алабама, го порази Крис Ареола (36-5-1-2 НЦ, 31 КО) со прекин по 8 рунди. „Најтмер“ се најде во нокдаун во четвртата рунда.

Светскиот шампион за време на борбата го повреди бицепсот и дланката на десната рака.

На Ареола ова е трет пораз во борбите за светската титула.

„Коската практично ми ѕирка од раката. Рано се случи тоа, во почетокот на третата или четвртата рунда по несмасен удар. Прво ја повредеив дланката, а потоа и бицепсот. Но, видовте дека му оддадов почит на Мухамед Али, летав како пеперутка и бодев како пчела. Морав да покажам се од арсеналот пред моите фанови. Имал една или две раце не може да ме оспорите дека сум најдобар во светот. Понатму ги сакам оние кои ги држат преостанатите појаси“, изјави Вајлдер на прес-конференцијата по борбата.

https://youtu.be/t_STI11Pgto

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО