Дионтеј Вајлдер го нокаутираше Молина

diontej vajlder protiv Molina

Светскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер успешно ја одбрани титулата против Ерик Молина со технички нокаут во деветата рунда. 

Уште од почетокот на борбата шампионот го контролираше средиштето на рингот и ги користеше долгите раце за да го држи противникот на безбедно растојание. Во третата рунда умереното темпо беше нарушено откако Молина зададе лев директ, кој видливо го заниша Вајлдер. Откако мина малку време и се врати, Вајлдер успеа да го собори Молина со лево кроше во четвртата рунда. Во петата Ерик два пати се најде на подот.

Сепак, молина му пружи достоен отпор на шампионот. Средбата дојде во деветата рунда, кога Вајлдер зададе два пати лев директ што го кутна Молина на подот и судијата ја прекина средбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON