Дионтеј Вајлдер еднаш го победи Џарел Милер за време на спаринг меч, а потоа го однесе во болница

Дионтеј Вајлдер и Џарел Милер никогаш не се сретнале во рингот во вистинска борба во текот на нивните кариери, но во еден момент се спарингуваа еден со друг.

Пред неколку дена Бронзениот бомбардер во интервју за Блу блуд спорт ТВ призна дека едвај го чекал моментот да го запознае Милер.

„Се потсмеваше со се што постигнав во кариерата, сакаше да грабне некоја слава, ме мразеше“, изјави Деонтеј Вајлдер и продолжи:

„Потоа еден ден Џеј Дис го донесе да спарира против мене, а јас не ни знаев. Кога го видов, веднаш ми се крена расположението. Си помислив: „О, тој пристигна во лавовската јама“. Не ми беше грижа што ми кажаа пред тренинг, само чекав да влеземе во рингот и да одиме. Веднаш почнав да го тепам. Спаринг е спаринг, но овој беше нешто посебно – беше вистинска борба, не се поднесувавме“.

Вајлдер ја искористи можноста да го казни Милер за сите навреди што ги изрече. Џерел заврши во болница со потрес на мозокот на крајот од спаринг сесијата.

„Гледате многу работи на тренинзите и добро ви се познати реакциите на луѓето кои трпат потрес на мозокот, бидејќи почнуваат да се шегуваат и да ги повторуваат истите глупости… И тоа го направи Џарел Милер по нашата спаринг сесија. Добил потрес на мозокот и завршил во болница. Го однесовме на преглед, бидејќи не се појави негов роднина. Кога стигнавме таму, тој не се сеќаваше на ништо“.

Веднаш потоа пропадна кариерата на Милер, почна да паѓа на допинг тестовите, а борбата за светска титула против Ентони Џошуа не успеа.

Вајлдер беше светски шампион во тешка категорија на ВБЦ пет години пред февруари 2020 година кога загуби од Тајсон Фјури во нивната втора средба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON